Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го објави почетокот на изборот за Годишната медиумска награда на граѓанското општество 2008.
Како и изминатите години, во текот на наредните два месеци, до 15 декември 2008 година, ќе се спроведе гласање, во кое право на учество имаат сите регистрирани невладини организации од Македонија.
Тие своите гласови ќе можат да ги испратат по пошта до Македонскиот институт за медиуми, или да гласаат електронски преку формуларот кој е поставен на веб страницата на МИМ (www.mim.org.mk).